Според годинешната анкета на престижниот магазин “Travel and Leisure”, каде се избираат најубави и најпосетени градови, хотели, авиокомпании, крстарења а истите преферираат луксуз и патување со многу висок резултат годинава го предводи првото место јапонскиот град Kyoto. Тој е избран за број 1 посакувана дестинација од страна на читателите. Иако Токио како главен град е синоним за модерен градски живот со огромна енергија, Kyoto нуди некој сосем различен ритам на живот. Со својата богата содржина овој град нуди интересни можности за секаков вид забава. Во градот има преку 1000 будистички храмови, зен градини и дистрикти посветени на гејшите. Инаку овој град се смета за колевка на културата на гејшите. Градот бил престолнина во царска Јапонија во текот на 1000 годишното постоење на оваа империја.
Погледнете ја оваа убавина и уживајте!!

