Од 10‐ти јули до 20‐ти ноември 2015 се реализира голем награден конкурс на темата „#ЕкоCовестНаОпштеството“ во кој ќе можат да земат учество сите медиуми (печатени и електронски) т.е. новинари и фоторепортери кои ќе достават оригиналeн објавен новинарски #текст поддржан со #фотографии на темата, а ќе има за цел да ја посочат, потенцираат и актуелизираат граѓанската и институционалната несовест и невнимание кон околината. Овој конкурс е во организација на невладината организација „4х4х4 Балкански мостови“ (во рамки на проектот проширување на ENV.net во земјите на Западен Балкан и Турција, поддржан од Европската Унија ), а со огромна поддршка од „#Пакомак“‐ друштво за управување со пакување и отпад од пакување, како и „#НулаOтпад“‐ друштво за управување со батерии и електронски отпад.
Повеќе инфо – http://www.nulaotpad.com.mk
