Сите се поистоветуваат со љубовта, бидејќи таа доаѓа во разни форми. Навикнати сме на грандиозните љубовни приказни кои неретко се прикажуваат во филмовите, иако неопеаните јунаци на силната љубов се малите гестови, кои ја прават нераскинлива и вечна. Ставајќи ги токму тие ситници во прв план, корејската уметница Puuung со своите илустрации сака да доближи уште една димензија на љубовната приказна.
Прикажувајќи ја љубовта во форма на малите знаци на внимание, Puuung ја бара смислата на ова прекрасно чувство во секојдневниот живот и верно го прикажува. Своите дела ги објавува двапати неделно на платформата Grafolio, пренесувајќи цела палета на емоции и опкружувањето во кое тие се изразуваат, а со своите романтични илустрации го привлекува вниманието на многу луѓе кои се нејзини верни обожаватели. Вашата доза љубов проверете ја во анимираното видео кое следува.