Ова е прв облакодер во Париз по 42 години.
Париз е еден од најромантичните градови во светот, а за тоа сигурно придонесува фактот, дека целиот град е со класични згради, мостови и генерално, богато украсени фасади и убави тераси. Но само кога ќе излеземе од поширокиот центар на Париз, можеме да видиме облакодери и дека овој град не живее само во формите на своето минато. Уште еден чекор напред во модернизација на Париз ќе биде неговиот прв облакодер по дури 42 години – и тоа триаголен!
Таканаречената Триаголник кула е потпишана од Херцог и Meурон, а планот за кулата бил поднесен уште во 2008 година. Во меѓувреме, контроверзниот облакодер претрпе неколку измени, и сега е наречен “Триаголник 2.”
Кулата е високата 180 метри и е трета по големина зграда во Франција, ќе има хотел од 120 соби, ресторан и бар, а останатиот дел ќе бидат канцеларии. Во подножјето ќе има интресни објекти за деца со разни содржини како и детска градинка.
Облакодерот ќе биде изграден во квартот “porte de Versailles”“, но почетокот на изградбата се уште не е познат.