Данецот Thomas Dambo секој ден собира дрва и други материјали кои ги наоѓа во родниот Копенхаген и од нив изработува многу интересни скулптури. Тој вели дека дрва се наоѓаат насекаде, па не му е тешко да собере материјали за своите дела. Скулптурите се огромни и се мошне прецизно изработени, а изгледаат несекојдневно и оригинално. Освен уметничкиот аспект на своите дела за кои Томас се надева дека ќе ги инспирираат другите креативно да се изразат, тука е и рециклирањето како битен аспект преку кој Томас не само што ја разубавува околината, туку и придонесува за нејзино зачувување и заштита.