Дали можеби би сакале да пливате во најголемиот базен на светот? За тоа ке биде потребно да отпатувате во Чиле, поточно во прекрасниот “Resort San Alfonso del Mar” во Чиле. Биле потребни цели пет години за да се изгради вакво нешто. Базенот е долг 1км, покрива површина од 8 хектари и собира околу 250 милиони литри вода. Во 2006 годинатој влезе во Гинисовата книга на рекорди. Изработен е од страна на чилеанскиот изработувач Fernando Fischmann. Инаку базенот е лоциран на околу 90км од главниот град на Чиле, Сантијаго де Чиле. Погледнете, има и видео најдоле!