Секое откритие на напуштени градби е посебно, но оние прекриени со зеленило ги ловат погледите на посебен начин. Кога и да се појават фотографии на објекти кои ги создал човекот, а кои со години се напуштени, тешко е да не ги забележите, особено кога природата настојува да ги врати под своја закрила. Ви претставуваме неверојатни фотографии од едно токму такво место, прикажувајќи како одамна напуштено рибарско село е претворено во зелена земја на чудата, креација на мајката природа. Се наоѓа на островот Шенгшан, еден од речиси 400-те острови кои го сочинуваат архипелагот Шенгси, a лежат на истокот од кинеската крајбрежна провинција. Времето овде застанува, додека лозите се искачуваат по старите камени ѕидови, ткаат преку прозорците и вратите, и ползат по стутканите патеки на напуштеното рибарско село во Кина. Qing Jian е фотографка од Шангај, која неодамнешната посета на Шенгшан ја искористила да ја овековечи мистиката и хармонијата на ова осамено место. Фотографиите го одземаат здивот, откривајќи ги навидум бесконечните градби во зелено руво. Погледнете.
Зелено село – чудо на природата
Рибарското село кое одамна е напуштено, природата го земала во свои раце, прекривајќи го со бујна зелена вегетација.