Филмска адаптација на наградуваната ТВ серија со оригиналната aктерска екипа.
Филмската ѕвезда Винсент Чејс (Адриан Грение), заедно со своите другари Ерик Марфи (Кевин Конели), Желката (Џери Ферара) и Џони Драма (Кевин Дилон) се повторно во игра. Заедно со супер агентот на едно филмско студио, Ари Голд (Џереми Пивен), влегуваат во еден ризичен проект, кој треба да претставува режисерско деби на Винсент.
Дали некогаш сте се возеле со лимузина низ Сансет Булевар и сте наишле на црвен тепих полн со најголемите филмски ѕвезди кои пристигнуваат на премиера? Дали сте присуствувале на спонтана забава на плажа во Малибу, каде сонцето вечно грее и коктелите не престануваат? Дали сте добиле најдобра маса во најпопуларниот ресторан без резервација? И цело време каде и да одите најубавите старлети се на вашата маса?
Сите го сонуваат холивудскиот сон но Винс, Ерик, Драма, Желка и Ари Голд го живеат. Момците од „Свита“ знаат како тоа да го постигнат и како да сонуваат на големо и да живеат уште поголем живот. Филмската ѕвезда Винсент Чејс, заедно со неговите пријатели Ерик, Желка и Џони, се враќаат повторно да соработуваат со супер агентот Ари Голд. Друштвото има нови амбиции, но, се’ уште се поврзани како и претходно што најдобро се гледа додека крстарат низ светот на Холивуд. Наградуваната телевизиска серија „Свита “ (,,Entourage’’) со оригинална актерска екипа, сега доби и своја кино верзија.
Сценаристот, режисер и продуцент Даг Елин, автор на ХБО сериите на кој се темели приказната, знаел дека филмот ќе биде уште поуспешен од серијата: „Иако серијата беше големо шоу, снимана на многу локации, сакав филм кој ќе го подигне сето тоа на повисоко ниво. Гламурозни јахти, хеликоптери, куќи и прекрасни локации ни помогнаа да го постигнеме тоа што го посакувавме.“
Премиерното прикажување на „Свита’ пред македонската публика беше на 11.06.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.