Оваа куќа, чија вредност се проценува на 120 милиони долари, се простира на повеќе од 9000 метри квадратни и се смета за најскапата куќа во Њујорк. Куќата е на 6 ката, а се наоѓа во елитниот кварт Upper East Side.
Овој простран дом меѓу другото го красат и 23 камини, грандиозни скали и рачно резбан дрвен паркет, како и 11 тераси со различни големини, од кои 2 се со прекрасен поглед на Менхетен. Куќата била изградена уште во 1879 година, а обновена во 2001ва, за што биле задолжени архитектите од Joseph Pell Lombardi Architects.