Фотографката Ivette Ivens со потекло од Литванија, има за цел да го претстави доењето како сосема природна работа и прекрасен чин кој може да се практикува и во јавност. Ivette прави стилизирани фотографии од мајки кои ги дојат своите бебиња на различни места. Една од мајките вели: „Ги доев моите две деца секаде каде што одев- во црква, на пазар, во продавница. Сметам дека мајките треба да ги дојат децата кога и да посакаат. Бебињата знаат кога треба да јадат, а истото го знаат и мајките. На другите тоа не треба да им пречи”. Погледнете ја фотосесијата во продолжение.