Архитектите од студиото Cadaval & Solá -Morales добиле идеја да направат нацрт за одреден тип на куќа наречена “Sunflower House” („Куќа-сончоглед”), која ќе биде лоцирана во Коста Брава, Каталонија. Во оваа куќа прозорците се во форма на квадрат и се свртени во различни насоки, со што се добива оригинален геометриски изглед. Со тоа, куќата има неколку различни погледи, односно од секоја соба има различен поглед.