Овен
Работа : Избегнувајте секаков ривалитет со соработниците на работа и не поставувајте му, непотребни прашања на претпоставениот.
Љубов : Изгледате вознемирено, бидејќи не можете да прифатите нечија одлука. Залудно ја повторувате приказната која не ви го носи саканиот ефект.
Здравје : се чувствувате добро
Бик
Работа : Најважно за вас е, да се разбирате правилно со соработниците и да ги почитувате основните правила за деловна соработка. Секој треба да ја одработи својата работа на најдобар начин и без претерано експонирање.
Љубов : Нема причина да сте лутите на саканата личност и да сте претерано строги кон неа и на вас може да ви се случат некои пропусти. Не ситничарете.
Здравје : Потребна ви е поголема физичка активност
Близнаци
Работа : Прифатете ја сугестијата од колегата. Важно е да ги пласирате вашите идеи на вистинско место и во соодветна атмосфера. Немојте да носите избрзани заклучоци врз основа на првиот впечаток.
Љубов : Ако имате емоционални дилеми, искрен разговор со вашата сакана личност ќе биде од помош. Разговорот води до заеднички договор и психичко опуштање.
Здравје : се чувствувате добро.
Рак
Работа : Чуваствувате мал замор и затоа реагирате повеќе импулсивно од вообичаеното. Се обидувате да се ослободите од некои дополнителни обврски, но колку и да се обидувате не го постигнувате саканиот ефект.
Љубов : не се лутете за ситници ,кои го попречуваат заедничкиот договор.
Здравје : Ви треба одмор.
Лав
Работа : Изнесете нечии идеи на работа и покажете се во позитивно светло пред деловните партнери. Внимавајте на деталите кои влијаат на конечните резултати.
Љубов : Копнеете за ново емоционално задоволство. Вие сте романтично расположени, некој близок вистински сака да ве задоволи.
Здравје : Пречувствителни сте.
Девица
Работа : Заинтересирани сте за различни работни задачи и се обидувате да го наметнете вашето мислење пред соработниците. Ве привлекува голем деловен предизвик или можност да ги тестирате вашите вештини во необични услови.
Љубов : Не сакате да ја пропуштите можноста за за емоционално зближување и да одговорите на некоја љубовна белешка.
Здравје : се чуствувате одлично
Вага
Работа : На работното место некој ве доведува до ситуација на свршен чин и затоа избегнувајте го афективното однесување. Побарајте добар совет и заштита за вашите деловни интереси.
Љубов : Бидете внимателни во една ненадејна средба и немојте да дозволите да ве заведат некои комплименти и манири.
Здравје : Внимавајте на повреди.
Шкорпија
Работа : На работното место некој се обидува да го диктира однесувањето и бизнис правилата. Имате впечаток, дека од вас се очекува повеќе од она што сте во можност да го сторите и затоа се чувствувате непријатно пред надредената личност.
Љубов : Повеќето случувања со саканата личност не се по ваша мерка и вкус, но вие добро се снаоѓате во секоја ситуација.
Здравје : Се чувствувате добро
Стелец
Работа : Доколку немате доволно доверба во некој од соработниците, направте го тоа што морате. Заштитете ги вашите деловни интереси и раскинете го деловниот однос со личноста во која немате верба.
Љубов : Се чувствувате среќно во присуство на саканата личност и чувствувате емотивен занес. Го уживате вниманието од саканата личност.
Здравје : Контролирајте го притисокот.
Јарец
Работа : Постојат ненадејни ситуации кои ве успоруваат во работата. Некој не сака да ги слушне вашите идеи. Прифатете го корисниот советот од колегите.
Љубов : Посветете внимание на личноста која позитивно влијае на вашето расположение. Емотивната средба ќе ви донесе взаемно задоволство.
Здравје : Се чувствувате добро.
Водолија
Работа : Некој има негативно влијание на вашата концентрација и затоа страда деловниот успех. Сепак, постои можност да му избегнете на лицето кое ве спречува во работата.
Љубов : Немате потреба од занес и голема желба од големи ветувања. Тешко ви е да го процените однесувањето на една блиска личност.
Здравје : Рекреирајте се
Риби
Работа : На работното место некој се обидува да ве наведе на поинакво мислење, но вие имате свои цели и не отстапувате од вашите започнати планови.Потребно е да вложите голема енергија во вашите деловни идеи и да се заштитите од лошите влијанија.
Љубов : Партнерот знае како да ве расположи. Претстојат ситуации кои се вовед во нова послилна емотивна врска.
Здравје: Чувајте се од настинки.