Оригинална идеја на “Pacific Enviroment Architect Ltd”, детскиот сон го претворија во реалност. Ресторантот “Yellow Treehouse Restaurant” се наоѓа во северниот дел на Auckland, New Zeland. Лоциран на 40 метарско дрво тој претставува вистинска сензација. Конструиран е за сите вистински љубители на природата и природните убавини. Целокупната конструкција е многу едноставна, но резултатите се запрепастувачко добри. Ресторанот има форма на кокосов орев. Оградата е напревена од дрвото (Sequoia Sempervirens), Redwood, вид на северно-американско дрво. Престојот во овој ресторан претставува вистинско задоволство, како да сте во некоја бајка, едноставно ви го одзема здивот.
Уживајте!!