Изложбата “Космонаут-Раѓањето на вселенската ера” ќе се одржи во септември во Лондон. Ќе се организира од страна на руската вселенска агенција “Роскосмос”.
Претстојната изложба ќе ја презентира вселенската програма на тогашниот Советски Сојуз, а ќе биде најголема изнесена од границите на земјата. Меѓу експонатите во Британскиот музеј меѓудругото ќе биде изложена и капсулата “Восток 6”, која ја вратила првата жена на земјата, Валентина Терешкова во 1963 година. Ќе биде поставен и оригиналниот модел на сателитот “Спутник”, од 1957 година со кој ќе започне вселенската трка меѓу двете најголеми светски сили САД и Русија. Посетителите ќе имаат можност да видат експонати од тогашната Советска вселенска програма за испраќање на човекот на месечината, која беше долго строго чувана тајна. Меѓѕ нив е и Чермениот апарат за слетување на месецот LK-3, кој постојано бил тестиран а никогаш не бил впуштен во реална мисија.