Серијата на чанти од Artistic Accessories Goblen сака да не потсети на едно изгубено време каде вистинските вредности го правеа секојдневието…
Серијата е направена со сликарот Александар Зафировски,кој покрај насликаниот дел ги изработи и фотографиите заедно со Иванка Ниневска
Приказната зад оваа серија е алармантното губење на вистинските вредности во едно време на погрешни стандарди. Внимателниот избор на ретро предмети го содржат кругот како симбол на едно не(време). Секоја чанта е тага по едно одамна изгубено богатство.
Часовникот го симболизира Скопје и неговата култура.
Телефонот ја претставува радоста на вистинското пријателство преку жица.
Миљето го симболизира трудот, трпението, ненаметливоста и истрајноста.
Лустерот ги симболизира семејните собири на различни прослави.
А гобленот го претставува се погоре изгубеното…
Цветовите кои растат повторно од земјата носат надеж во оваа симболика, носејќи ја најголемата вистина во светот, „Доброто секогаш победува“.