Сигурни сме дека сте ги виделе прекрасните чевли, сандали и чизмички над колена од лак кожа и со проѕирна пета кои ги представи Dior. Благодарејќи на нив и уште на неколку други дизајнери, парчињата од лак кожа станаа повторно популарни. Да се потсетиме и на најкласичните салонки, тие се од многу сјајна лак кожа – секако зборуваме за моделот Pigalle на Christian Louboutin.
Но мора да признаеме дека лак кожата не е само синоним на сексипил, туку може да значи и нешто многу слатко. Сетете се само на Mary Jane лакираните црни чевли кои и вие сигурно сте ги носеле кога сте биле клинка, а едни такви, ама за возрасни, можете да ги носите и денес и да бидете повторно тренди како порано.
Ви нудиме неколки модели со лакирана кожа, а сигурни сме дека барем нешто од понуденото ќе ве освои.














