Jacqueline Poirier, која работи под псевдонимот Crazy Plate Lady, е талентирана сликарка од Канада која на обичните бели чинии им дава необична црта и сосема нов, уметнички изглед. Таа, на секоја чинија, рачно слика најчесто кулинарски композиции, но и секојдневни предмети и портрети од познати личности. Инспиративен и оригинален начин да се презентира уметноста.