Кинеската царска династија Танг владеела од (18 јуни 618 до 4 јуни 907 год). Оваа позната династија била прекината во своето владеење за време на Џоу династијата која пак владеала од (690-705, год). Во тој временски период царскиот трон го превземала царицата Ву и со тоа влегла во историјата како единствена царица која самостојно владеела со Кина. Царската династија Танг се смета за врв на кинеската цивилизација,а времето во кое владеела е прогласено за златно доба на космополитската кинеска култура и уметност. Територијата на Кина се зголемила за време на големите воени походи токму во владеењето на оваа династија, повеќе од сите претходни владетели. Границите на земјата во тоа време се повеќе се проширувале, а популацијата ја преминала бројката од 50 милиони жители. Во 660 година, кинеското царство ја имало својата најголема површина и така се до XVIII от век. Истата година оваа династија започнала воени походи и во Индија, а ги завземала и Тарии и Џунгарија, а накратко воспоставила и протекторат во Тухаристан, Согдијани и Фергани.Тогашната кинеска култура и системот на управување се проширувале паралелно со воените освојувања,со што е воспоставено кинеското културно единство на далечниот исток, кое се одржувало долго време и после владеењето на династијата Танг. Ви прикажуваме дел од таа уметност.