Иако сеуште не е официјално потврдено сериското производство на новиот Lamborgini SUV-модел, италијанската влада е подготвена финансиски да помогне за производството да се одвива во домашните фабрики. Со „скромни“ 100 милиони евра, ќе се изгради нов погон на Ламборџиниевиот комплекс во близина на Болоња.
Убавината на овој проект е тоа што ќе вработи над 300 Италијанци, a да не зборуваме за тоа колку вакви луксузни фраери ќе ги разубавуваат италијанските улици.
Црвената боја, благите контури и масовноста го прават овој автомобил да изгледа како припитомен ѕвер кој е подготвен во секој момент „да скокне“ за сопственикот. Бет-мобил на нашето време, само за вистински мачо-типови и девојки со непокорлив став.
Дали ја имате смелоста да чувате еден ваков ѕвер?