Fan Bingbing
И кончено се отвори филмскиот фестивал во Кан, а тоа за сите вљубеници во модата, значи само едно-прекрасни, раскошни фустани. Ако сте како нас, тогаш со нетрпение сте чекале да видите кој од познатите имал најдобар стајлинг.
На премиерата на филмот“La Tete Haute“, се појавија многу ѕвезди, но само мал број оствија впечаток со фантастичниот стајлинг.
За бледо розева се одлучи Fan Bingbing во креација на Ralph & Russo, со долг шлеп, накитена со навезено зелено цвеќе и тренди разголени рамена. Со прекрасната фризура и безпрекорен тен, таа ги воодушеви сите.
За една од боите на летото се одлучи манекенката Karlie Kloss. Таа избра атипичен комбинезон фустан од Atelier Versace. Сребрениот светкав материјал беше впечатлив со многубројни засеци и изгледаше доста урбано.
Naomi Watts, се одлучи за сива боја,во екстравагантниот фустан на Elie Saab Couture. Здолништето богато со пердуви и со длабоко деколте, потполнето со голема огрлица. Шминката ненаметлива.
За пердуви се одлучи и Julianne Moore, во црна тоалета со потпис на Armani Privé. Фризурата минималистичка и тренди со темно нашминкани очи.
Hofit Golan, одбра креација на со богати црни цветови и долг шлеп и изгледаше многу елегантно.
Lupitu Nyong’o е нашиот потенцијален фаворит. Таа одбра долга плисирана зелена тоалета од модната куќа Gucci, со длабоко деколте накитено со цвеќе и интересни ракави. Комбинирано со прстени,обетки и венчето на косата, таа изгледаше фантастично.
Меѓу најмалку впечатливите се најде фустанот на Leile Bekhti, која се истакна со бледо розевиот долг асиметричен шлеп во комбинација со сребрени сандали. Стајлингот делува многу младолико заедно со лесна фризура и ненападен шминка.
Karlie Klosс
Julianne Moore
Lupitа Nyong’o
Naomi Watts
Leila Bekhti
Hofit Golan