Почитувани,
Писателката Билјана С. Црвенковска, автор на детскиот роман „Што сонуваше Дедо Мраз”, серијалот сликовници „Авантурите на Дина и Додо”, дел од изданијата „Пчеличката Маја”, како и низа други детски изданија на Либи, дел од Арс Ламина публикации, ќе биде гостин на штандот на Арс Ламина на Саемот на книгата.
Промоција на детска литература
Средба со писателката Билјана С. Црвенковска
Место: Саем на книгата, штанд на Арс Ламина публикации
Време:
– петок, 8 мај, од 16.00 часот
– сабота, 9 мај, од 13.00 часот
Писателката Црвенковска ќе има средба со најмладите читатели и ќе потпишува книги. Ве очекуваме!