Мон Сен Мишел (Le Mont Saint Michel) e oстров и општина која се наоѓa во Долна Нормандија, Франција. Сместен е на околу еден километар од северозападниот брег на Франција, на устието на реката Куеснон на Авранш. Островот е голем околу 100 хетари, а населението брои само 44 жители. Островот има стратешки утврдувања уште од античките времиња. Во 8-ми век станува седиште на познатиот манастир по кој го добил и своето име. Структурната композиција на градот е пример за феудално општество кое всушност и го изградило самиот град. На врвот се Бог, Опатијата и манастирите. Под нив се наоѓаат големите сали, потоа се куќите и продавниците, а во најдолниот дел се наоѓаат куќите на рибарите и фармерите. Поради својата уникатна позиција тој е оддалечен само 600 метри од копното и тој е идеален за посета на многу бројни верници и туристи. Интересен е самиот факт за островот, тоа што тој е лесно одбранлив поради својата поставеност, а благодарение на плимата напаѓачите биле заробувани и се давеле во морето. Благодарение на малиот гарнизон кој многу успешно го одбранил островот од Англичаните во 1433 година.
Придобивките од неговата одбрана не биле загубени ниту за времето на Луј XI, кој ја претворил планината во државен затвор. Мон Сен Мишел и неговиот залив се едно од најпрепознатливите обележја на Франција. Тој е дел од списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Повеќе од 3 милиони посетители се присутни секоја година на островот. Во 6-ти и 7-ми век, островот се користел како армориканска тврдина на Галско-Римската култура и моќ, се додека не бил ограбен од страна на Франките со што се ставило крај на оваа култура која постоела од заминувањето на Римјаните во 460 година. Мон Сен Мишел во минатото бил поврзан со копното преку насип т.е. патека која била покриена за време на плима, и се откривала во време на осека. Со текот на годините крајбрежните рамнини се полдеризирале за да се создадат пасишта, со што растојанието меѓу брегот и јужното крајбрежје на остовот се намалило. Реката Куеснон била канализирана, а со тоа ја намалила дисперзијата на проток на вода и потикнало запушување на заливот. Во 1879 насипот бил претворен во подигнат насип. На 16.06.2006 година францускиот премиер и регионалните власти го спроведуваат проектот (Project Mont Saint Michel), вреден 164.000.000 евра за да изгради хидраулична брана која ќе ги користи водите на реката Куеснон, а од плимата и осеката да се помогне во отсранување на акумулираната тиња, детонирана од големите плими и осеки. Завршувањето на овој проект е предвидено за оваа година. Многу интересни факти се поврзуваат за овој остров меѓу кои еден е во 2003 година беше инспирација за дизајнот на Минас Тирит во филмот “Господарот на Прстените, враќање на кралот”, а во 2013 беше крајна точка на трката “Tuor de France”.