Традиционално, на секои две години, Големиот плоштад во Брисел се покрива со тепих од шарени цвеќиња, најчесто бегонии. Манифестацијата се подготвува уште од 1971 година и претставува прекрасна и несекојдневна глетка за посетителите. Оваа фотографија, дело на Gaston Batistini, е од последниот Тепих од цветови кој се одржа во август, 2014.