Најновото филмско остварување „Три во Едно’’, на режисерот Коле Ангеловски, премиерно ќе биде прикажан вечерва од 20 часот, истовремено во Скопје (Кинотека на Македонија) и во Битола и Струга, а потоа и низ останатите градови низ Македонија.
Филмот е урнебесна комедија од три различни приказни на една иста тема: љубов и неверство. Сценариото и режијата се на Коле Ангеловски. Директор на фотографија е Антонио Божиновски, а во филмот играат плејада одлични актерски имиња: Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Андон Јованоски, Марија Спиркоска Илијески, Наташа Наумоска, Марјан Чакмакоски, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Црцорски, Катерина Чакмакоска, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, Александар Степанулески, Никола Настоски.
Дистрибутер на филмот е КТ ФИЛМ И МЕДИА од Скопје.