Супермоделите Адријана Лима, Дауцен Крус, Џоан Смолс и Наташа Поли ја предводат најновата летна кампања на H&M. Атрактивните манекенки снимија краток филм и фотосесија на тропскиот остров Антигва, каде со звуците од летниот хит ,,sun is shining” на хаус-дуото Axwell^Ingrosso, откриваат што се’ има да понуди познатиот моден бренд за сончевата сезона. Женствени костими за капење и лесна летна облека за совршен изглед на плажа – вака изгледа последната колекција која за дамите ја претстави шведската модна куќа за лето 2015 година. За момците, пак, H&M предлага безвременски сезонски парчиња во класичен и опуштен стил. Прекрасни изгледи кои најавуваат бескрајно лето и спомени кои ќе се паметат вечно. Погледнете ги фотографиите од последниот каталог, како и промотивното видео со четирите убавици кои порачуваат: Летото почнува сега!