Единаесетгодишниот Куртис Елтон стана најмладиот дипломец на престижниот англиски колеџ ”Trinity”. Во 2013 година, тој стана најмладиот студент кој го положи завршниот испит на овој колеџ. За прв пат се појави на сцената во познатото шоу, ”Британија има талент”и на Англискиот “Канал 4” во емисијата деца-генијалци. Со своите девет години тој ги отсвири познатите дела на Моцарт, Бах и Шопен. Но музиката не е единствена преокупација во моментов на ова чудо од дете. Неговата следна цел е да стане Олимписки првак во уметничко лизгање.