,,Ti.Vedo” (во превод: ,,Те гледам”, од италијански) е стилска ноќна лампа во форма на був. Дело е на дизајнерот Matteo Ugolini, во соработка со брендот Karman кој е специјализиран за производство на светилки и друг вид на внатрешно осветлување. Структурата на лампата е изработена од бела керамика, во пар со двете вградени економични сијалици кои се верна реплика на големите очи на оваа ноќна птица. Покрај практичната примена ноќе, лампата може да има и декоративна намена, поставена како уметнички украс на полиците во текот на денот. Достапна е во две верзии: столна и ѕидна ламба, како и во повеќе различни величини. Претставена беше во рамки на овогодинешниот Саем на мебел во Милано. Би ја имале ли во својот дом?