Ние сме сигурни декa ова лето ќе посетите некој музички фестивал, ќе ги посетите баровите на плажа и се разбира летните ноќни клубови и сите знаеме како тоа може да биде супер забавно! Ако немате костим за капење на вас, сосема е сигурно дека во близина на базен или море, ќе скокнете во вода во алиштата што ги носите, затоа најдобра опција е да го облечете за секој случај!
Тоа можеби ви изгледа чудно, но и со костим за капење можете да изгледате топ и стилски. Се разбира, најважно е да се избере добар крој, принт и материјал, затоа што- се што изгледа дури и од далечина евтино (светликава пластика, нападни стакленца, итн) во комбинација, е премногу – како нешто што едноставно не оди.
Најлесно се комбинираат едноделните костими за капење со шорцеви и мини здолништа. Можете да ги носите и со тесни панталони, но ризикувате премногу да се гледа линијата на задникот.