Ова е сигурно, една од најубавите современи згради кои ќе ги видите во животот, Шангајскиот музеј на природните науки во Кина, кој неодамна ги отвори своите врати.
Главните кривци за неговиот навистина неверојатен изглед се дизајнерите од компанијата Перкинс+Вил. Со 44.517 квадрани метри, стана најголемиот музеј за природни науки во светот со 10.000 експонати од сите 7 континенти.
Но, освен изложбениот дел, тој содржи и многу разни содржини како 4Д кина и градина со надворешен изложбен дел кој е во склад со кинеската традиција,и изгледа вклопен со природата и зен состојбата. Се наоѓа во исклучително урбаниот дел на Шангај, кој воедно му овозможува и голем број на посетители. Обликот и внатрешната структура на објектот укажуваат на чиста природна форма на лушпи од мекотели. Делот од тревата се издига високо од паркот и го обвиткува езерото, но фокусот на изложбата оди по текот на зградата која започнува на повисоко ниво и спирално се спушта надолу.
Ова е навистина еден од ретките музеи кој едноставно морате да го доживеете, почувствувате и видите