Запознајте ги Самуел и Хилдегун, брачната двојка која ги создава најубавите патувачки фотографии. Авантурите на финско-норвешкиот пар започнале кога се запознале на свадба на Хаваи. Својата свршувачка ја прославиле во Париз, се венчале во Нормандија, а оттогаш патуваат низ светот благодарение на кариерата на Самуел како професионален фотограф. Нивните патувачки походи инспирираат над 130 илјади следбеници на Инстаграм, а во продолжение ви претставуваме селекција на најдобрите фотографии од ова љубовно дуо.