Убавото пролетно време и сончевите денови се совршени за излети, а од Zara Home подготвија грст неодоливи детали инспирирани од најживописните сцени на нашата омилена сезона. Розовите, светло жолтите и сините нијанси, како и шарените цветни мотиви и апстрактни дезени ја красат новата колекција за пикник, која со својот неодолив изглед и практична намена ќе ги развесели сите љубители на престојот во природа и уживање под ведро небо. Во линијата може да се пронајдат разиграни чаршафи и прекривки, комплетни сетови за јадење опсипани со колоритни принтови, како и кошници за понесување на целиот прибор, се разбира во пакет со фини деликатеси. Целиот каталог од кампањата ви го претставуваме во продолжение. Прекрасна викенд инспирација!