Вилијам е најмалиот член на семејството Лоренс. Има само една година, но од раѓање се разликувал од своите браќа и сестри како и од останатите деца – тој има Даунов синдром. Неговиот татко, Алан, создава креативни оригинални фотографии со помош на Photoshop каде тој на својот син му дава неверојатна моќ – моќ да лета. Целта на Алан е да ги испирира луѓето за да ги гледаат децата со Даунов синдром исто како останатите деца бидејќи само со помош од другите тие можат да го надминат, да го „прелетаат“ својот хендикеп. А љубовта и поддршката од семејството е најважна!
„Овие фотографии имаат посебно значење за мене, бидејќи размислувам на сите предизвици со кои Вилијам ќе се соочи во иднина. Но сепак и покрај својот хендикеп тој секогаш ќе може да го направи она што тој го сака…“