Во биографијата на Антолог, стои дека „АНТОЛОГ – Скопје е книгоиздателство првпат основано на 7 јули 1999 година, од страна на македонскиот писател Александар Кујунџиски. Овој датум истовремено e формален почеток на една дамнешна бизнис-идеја, но и продолжение на една долга и разновидна уметничка традиција. Сè до 1903-тата година во семејното стебло на Кујунџиски се впишани неколку генерации златари-кујунџии, чии филигрански ракоделија денес се втопени во морето на креативниот гениј на македонскиот народ. Хуморот, сликарството, актерството, уметничката фотографија, исто така, се дел од меморијата и оставината на Кујунџиски. Но, Зборот е оној кој отсекогаш бил наша првична и основна инспирација. Зборот преточен во книжевност“, додека овие денови истиот посакува добредојде на сите вљубеници во зборот, добредојде во Антолог: книжевно-изложбен центар, сместен на ул. Ѓорѓија Пулески бр.29 во населба Дебар Маало, Скопје. Местото кое е ново, а кое ги има во своја суштина трајните литературни вредности.
За отворањето на ова вонвременско место од Антолог понудија 3 дена литературна фешта – со голем број попусти, гостувања и интересна понуда на дела и настани која ќе продолжи да трае, надградува и збогатува со нивни и туѓи зборови. А зборовите, се тие кои остануват.
Сместени меѓу полиците или на ѕидот лево од вратата.