Ви претставуваме дом со површина од 43,5 метри квадратни, за чие внатрешно уредување е заслужен архитектот Anton Sevastyanov, а наменет e за млад станар со страст за спорт, музика и фотографија. Станува збор за светол и отворен ентериер со прилично едноставен и минималистички дизајн, па просторот изгледа многу поголем од она што навистина е. Циглите во бела боја се секако модерни, а му даваат и по малку европски шарм на целиот амбиент. Дневниот престој е издвоен од спалната соба со преграден ѕид од дрвени панели, но без врата. На тој начин зоната за одмор и релаксација е одвоена, интимна и приватна, а станот и понатаму изгледа простран. Со примена на огледала околу креветот на елегантен начин е и визуелно проширена собата. Ѕидот од дрвени панели се протега долж целиот ентериер и претставува интересен дизајнерски елемент со декоративна намена, а истовремено има функција и на складиште, што е функционално решение за мали станови. Трпезаријата и кујната се исто издвоени од дневната соба преку преградниот циглен ѕид, додека големите прозорци обезбедуваат големо количество на природна светлина. Единствена врата во станот е онаа од бањата. Светло сината и зелената боја, во комбинација со дрвениот мебел создаваат убава и модерна атмосфера. Во продолжение, погледнете како е уреден овој пријатен стан и одберете ја омилената идеја и за вашиот животен простор.