Литванскиот уметник “Nestre” има необично и многу оригинално хоби. Изработува секаков вид накит, обетки, алки, копчиња, приврзоци и шноли од делови од стари часовници (запци, стрелки, механизми и сл.), и тоа во стил кој се нарекува steampunk- стил на изработка кој комбинира технологија и естетски дизајн инспириран од индустриската парна машинерија од минатото. Деловите од часовниците се ставаат во бронза и бакар и се лепат со проѕирна смола која изгледа како стакло. Крајниот резултат е старовремски изглед на модерно и уникатно парче накит.