20 април, Скопје – Програмата продолжува во кино Милениум, во Кинотека на Македонија и во Фросина.
Специјални настани: Мастер класа со Мохсен Макхмалбаф, дискусија со „Бори се женски“.
Кинотека на Македонија 13,00 часот
Мастер класа со Мохсен Макхмалбаф
Мастеркласата на Мохсен Макмалбаф, кој се смета за главна фигура на иранската кинематографија, ќе се фокусира на неговата филмска школа и на работата која придонесе тој , неговото семејство и многу млади ирански филмски автори да направат неверојатен пробив во филмот во светот.
Оваа филмска куќа работи веќе речиси 20 години и нејзина цел беше да се зголеми бројот на продуцирани филмови и да им даде шанса на младите режисери. Приказната за филмската школа ќе може да се види и во филмот „Татковата школа“ кој ќе биде прикажан во рамките на мастеркласата и кој ќе биде повод за дискусијата, што ќе следи потоа .
Макмалбаф со своите 20 филма успеа да освои 50 награди на најзначајните филмски фестивали во светот, а неговиот филм „Кандахар“ влезе на листата меѓу сто најдобри филмови на сите времиња. Тој му припаѓа на Новиот бран на филмот во Иран, а на мастеркласата ќе зборува за она што тој постојано го истражува во своите филмови, односот меѓу индивидуалецот и социјалното и политичко окружение.
Кино Милениум 16,00
ВИКТОРИЈА/VICTORIA (2015)
Режија: Sebastian Schipper
Улоги: Laia Costa, Frederick Lau, Franz Rogowski
Земја: Germany
Времетраење: 140 мин.
Во чудото од еден кадар на Себастијан Шипер, „Викторија“ нема дигитални трикови. Последното дело на Шипер, кое навидум потсетува на современите Бони и Клајд, великодушно прекриено со непосредност, е вешто кореографиран подвиг на филмска оригиналност во која е уловена ноќ во Берлин во реално време. Филмот сниман во еден единствен подвижен кадар, претставува блескав стилистички експеримент кој во голема мера се исплател.
Кино Милениум 18,00
ПАЗОЛИНИ/PASOLINI (2014)
Режија: Abel Ferrara
Улоги: Willem Dafoe, Maria de Medeiros, Ninetto Davoli, Riccardo Scamarcio
Земја: France/Belgium/Italy
Времетраење: 86 мин.
Американскиот режисер Абел Ферара, уште еден исклучителен талент, јасно го препознал Пазолини како своја сродна душа. Со Вилем Дефо кој е совршен во улогата на Пазолини, филмот нуди калеидоскопска слика од последниот ден на уметникот, во 1975.
Светот на Пазолини е педантно истражен, но во рацете на Ферара, овој филм станува повеќе од сензитивна реконструкција. Тој, исто така, се потпира и врз новото сценарио кое Пазолини го започнал во времето пред својата смрт. Додека филмот се движи кон таа насилна ноќ кога Пазолини умира, ја разбираме големината на културната загуба што ја претставува неговата смрт.
Кино Милениум 20,00
НОВАТА ПРИЈАТЕЛКА/UNE NOUVELLE AMIE (2014)
Режија:Francois Ozon
Улоги:Romain Duris, Anais Demoustier, Raphael Personnaz, Isild Le Besco, AuroreClement
Земја: France Времетраење: 105 мин
Духовита психолошка драма на Франсоа Озон, „Новата пријателка“, во која Анаи Демустие ја толкува улогата на Клер, млада жена чија најдобра пријателка од детството, Лора, починува оставајќи ги својот сопруг Давид и новороденото бебе. Клер еден ден неочекувано доаѓа во куќата на Давид и го наоѓа облечен во облеката на неговата покојна сопруга додека го храни нивното бебе.
Озон филмската кариера ја изгради со гребењето под површината на современата француска буржоазија, за да ги покаже нејзините заблуди, фетиши, гревови, скриени желби.
Кино Милениум 22,00
ДОБРА НОЌ МАМО/GOODNIGHT MOMMY (2014)
Режија: Severin Fiala, Veronika Franz
Улоги: Susanne Wuest, Elias Schwarz, Lukas Schwarz
Земја: Austria
Времетраење: 100 мин.
9-годишните близнаци Лукас и Елијас заедно со својата мајка живеат изолирано во внатрешноста. Нивната мајка закрепнува од неодамнешната естетска операција. Нејзиното лице е отечено и гротескно под завоите и таа бара апсолутен мир и тишина за да закрепне, а тоа набрзо почнува да им пречи на двете немирни момчиња. Како што таа станува сѐ построга, така браќата се повлекуваат во својот личен, агресивен антисоцијален свет, а нивниот гнев расте и ги поттикнува нивните сомнежи и имагинација дека лицето под завоите, всушност, не е нивната мајка. Тука има многу варијации на добропознатите хорор-елементи.
Кино Фросина 17,00
ЖЕНСКА БАНДА/GIRLHOOD(2014)
Режија: Céline Sciamma
Улоги:Karidja Touré, Assa Sylla, Lindsay Karamoh
Земја: France
Времетраење: 113 мин.
Обесправена во семејството, со никакви можности и успеси во училиштето и во соседство кое го владеат момчињата, Марием започнува нов живот откако ќе се запознае со групата од три девојки со слободен дух. Таа ги менува името и стилот на облекување и го прекинува школувањето за да биде примена во бандата, надевајќи се дека така ќе се стекне со слобода.
Доколку постои филм што толку совршено го отсликува нашето патријархално општество, тогаш тоа е овој филм. „Женска банда“ ја следи трансформацијата на тинејџерката Марием од обесправена машкуданка до слободна жена, благодарение на бандата на слободоумни девојки.
Фоаје на кино Фросина 19,30
Дискусија по проекцијата на филмот „Женска банда“ на режисерката Селин Сиама во организација на Бори се женски. Гостинки ќе ни бидат: Елеонора Венинова, режисерка
Јана Коцевска, антропологеса и активистка за женски права, дел од Tiiiit! Inc. и
Киријана Николовска, директорка на фестивалот „МакеДокс“
Кино Фросина 19,00
ИНФЕРНО/INFERNO (2014)
Режија: Vinko Möderndorfer
Улоги: Marko Mandić, Medea Novak, Marko Bukvič, Lara Volavšek, Renato Jenček
Земја: Slovenia/Macedonia/Croatia/Serbia
Времетраење: 113 мин.
Филмот се фокусира на младото невработено семејство од работничката класа (татко, мајка и две деца) и нивната секојдневна борба за преживување. Семејството е како и секое обично европско семејство, обидувајќи се да заработи за живот со напорна работа. Но, поради светската економска криза, нивниот живот ќе се најде во слепа улица. Сè е безизлезно. Овие индивидуи не можат да се борат против неправдата, сиромаштијата, невидливата моќ на капиталот… Како и да е… Гранитните коцки, искорнати од улиците, чекаат… Чекале… Со векови. Пеколот (инферно) постои. Но, само привремено.
Кино Фросина 21,00
Студентски филмови – ЕСРА
Кино Фросина 23,00
Кратки играни филмови