Мемориската картичка од апаратот на Ребека Лаимбах секојдневно е исполнета со фотографии од двете најголеми музи во нејзиниот живот: ќеркичката Харпер и семејниот пес Лола. Ребека и Кристофер Лаимбах се брачна двојка која со години се обидувала да добие дете. Крајот на нивната агонија дошол пред пет години, кога конечно им се насмевнала среќата, а на свет пристигнала нивната ќерка Харпер. Од денот на нејзиното раѓање, Ребека, инаку професионален фотограф, одлучила дека ќе документира секој момент од нејзиното растење. Но, уште на самиот почеток и еден друг член од семејството сакал да се избори за свое место на сликата, создавајќи гужва пред објективот при секој звук од апаратот. Станува збор за семејниот пес – англискиот булдог Лола, што за девојчето е сестрата која Ребека не успеала да и ја подари и покрај сите обиди. Денес Лола е нејзина партнерка за игра и заедно споделуваат драгоцени животни моменти заедно. Сакајќи да го овековечи нивниот посебен однос, мајката ги фотографира Харпер и Лола во низата разиграни сцени кои го отсликуваат карактерот на двете мали пријателки. Во продолжение, погледнете дел од неодоливите фотографии кои таа секојдневно ги споделува на нејзиниот блог.