Најголемата ѕвезда на акциони филмови доаѓа на платното во кино Cineplexx.
Гревот не поминува неказнето. Постар платен убиец е принуден да го убие својот поранешен шеф за да го заштити својот син и своето семејство. Вака накусо звучи најавата за 114-минутното филмско остварување кое ветува возбудлива акција и целоноќна потера на големото платно.
Од студиото Ворнер Броз ни пристигнува акциониот трилер „Ноќна потера“, со оскаровски наградениот Лијам Нисон во главната улога. Покрај него се појавуваат и актерите Џоел Кинeман, Винсент Д’Онофрио и номинираниот за Оскар, Ед Харис. Директорската палка му припадна на Жаум Колет Сера.
Припадникот на бруклинското подземје и успешен платен убиец Џими Колон (Лијам Нисон) запаѓа во неволја. Гревовите од минатото и упорниот полициски детектив одлучуваат да му се одмаздат. Единствената утеха на Џими се наоѓа во дното на небројните чаши виски.
Но, кога неговиот син Мајк (Џоел Кинеман) ќе постане нивна мета, Џими кој е воедно и најдобар пријател на шефот на мафијата мора да одлучи дали ќе застане на страна на мафијата или на своето семејство кое одамна го напуштил.
Премиерното прикажување на „Ноќна потера“ пред македонската публика бешe на 16.04.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.