Португалскиот супермодел Sara Sampaio повторно се враќа како заштитно лице за летната колекција на Calzedoniа, преставувајќи ги на најдобар можен начин новите и тренди бикини, кои во пресрет на сезоната 2015 ги понуди познатиот италијански бренд за долна облека и костими за капење. Атрактивната бринета ја фотографираше Mariano Vivanco на шпанскиот остров Ибица, а она што се подготвува за престојното лето мами воздишки. Женствени и секси костими за капење кои нагласуваат се’ што е најдобро на женската фигура, а прилагодени се на сите облици на тело, поради што овој бренд се издвојува како фаворит на пазарот. Ова лето актуелни се боите, горен дел без прерамки и моќни принтови кои се апсолутно совршени за летна атмосфера – и на плажа, и надвор од неа. Погледнете ги фотографиите од каталозите и одберете го вашиот фаворит.