Доколку сте фан на добриот ретро изглед, но не сакате да се откажете од благодетите кои ги нудат модерните автомобили, ние го имаме вистинскиот избор за Вас, Fiat „500 1957 Edition Cabrio“.
Минатите денови излезе на пазарот новата кабриолет варијанта на моделот кој минатата година беше промовиран во јавноста по повод на 57-годишнината на оригиналниот „500“ модел од Fiat.
Благодарение на ретро боите и ретро контурите, екстериерот е толку впечатлив што дури модерниот ентериер воопшто не доаѓа до израз.
На тркалата се забалежува сјајниот знак на Fiat.
Овој малечок убавец би Ве чинел 23 000 евра и дефинитивно сте подготвени за престојното лето!