„Најдолгото патување“ прикажува две приказни раздвоени од времето, но споени од судбината.
Големите американски филмски студија го сакаат Николас Спаркс, писателот на бестселер љубовни романи. По големиот успех кој на големото платно го доживеаа филмските адаптации на „Драги Џон“ (,,Dear John’’) и „Порака во шише“ (,,Message in a bottle’’), во кината пристигна десеттата екранизација на негово дело и тоа на неговата последна книга „Најдолгото патување“ (,,The Longest Ride’’).
Филмот ,,Најдолгото патување’’ е базиран на истоимениот извонреден роман и светски бестселер на Николас Спаркс, кој се заснова на една испреплетена љубoвна врска помеѓу Лук, поранешен родео шампион, кому повторно му се враќа желбата да се занимава со тоа, и Софија, студентка, која треба да започне да ја работи нејзината работа од соништата во уметничкиот свет во Њујорк.
Роматичната драма во режија на Џорџ Тилман e трогателна љубовна приказна за сите генерации – филмско остварување кое се занимава со предизвиците, но и со наградите за безусловната љубов. Прикажува две временски раздвоени приказни кои судбината ги поврзува. Љубовната приказна за двајца млади луѓе која е испреплетена со сеќавања на стар човек заробен во автомобилска несреќа, кого пак одамна починатата сопруга, љубовта на неговиот живот, го бодри да издржи.
Во филмот ќе го запознаеме Лук (Скот Иствуд, син на легендарниот Клинт Иствуд), поранешен првак во јавање бикови кој се обидува да ја врати старата слава и Софија (Брит Робертсон), студентка која штотуку ја добила работата од соништата во Њујорк. Додека бројните несогласувања, но и високи идеали ја ставаат на тест нивната врска, двајцата млади ќе најдат инспирација во случајната средба со Ајра (Алан Алда) кој ќе им го смени животот, а чиишто сеќавања на долгогодишната љубов кон својата сакана жена длабоко ќе го инспирира младиот пар.
Премиерното прикажување на „Најдолгото патување“ пред македонската публика бешe на 09.04.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.