Запознајте го Калико, неодоливото едногодишно еже кое веќе е ѕвезда на социјалните мрежи. Имагинацијата на неговата сопственичка нема граници, па секојдневно создава интересни и креативни фотографии во кои главната улога ја има токму нејзиното слатко милениче. Фото-приказните потоа ги споделува со корисниците на Инстаграм, каде Калико има свој личен профил и многубројни обожаватели. Меѓу нив, ќе сретнете сцени како ежето прави селфи, љубопитно ѕирка од автомобилот, за првпат го искусува мирисот на цутовите на пролетта или седи на корнет за сладолед. Погледнете дел од фотографиите во продолжение и уживајте во авантурите на ежето Калико.