Постојаниот проблем кој се појавува кај малите станбени простори е логичен и очекуван, а се однесува на недостатокот од повеќе расположлив простор за удобен живот. Поради тоа, многу дизајнери, но и сопственици на такви станови, доаѓаат до неверојатно функционални и пријатни идеи и решенија, кои веќе одредените мани ги користат како предност во минијатурните простори. Овој мал еднособен стан се наоѓа близу Санкт Петербург во Русија, а заслужни за неговиот компактен внатрешен дизајн се архитектите од студиото Geometrium. Ентериерот е дизајниран за млада двојка, односно станари на кои подеднакво им е важна естетитиката и практичноста на домот, а вака организираниот простор засега им е сосема доволен. Влијанието на младешкиот дух е видлив уште на влезот, а паметното искористување на секој агол најповеќе се истакнува со орманот во кој може да чекори, што е особено практично решение за мали ентериери. Истовремено, неговиот ѕид делумно ја издвојува зоната за спиење и одмор од трпезаријата и кујната. Бело бојадисаните ѕидови визуелно го прошируваат просторот кој е со отворен распоред, во комбинација со светлите и колоритни светлечки елементи кои создаваат интересна атмосфера. Погледнете како е уреден овој прекрасен еднособен стан и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен амбиент.