Иако на многумина белата боја им делува студено во ентериерот, сепак преку комбинација со други тонови може да се добие исклучително топол и пријатен амбиент во домот. Пастелните и неутралните беж нијанси се совршени за таа намена, бидејќи во тандем со белата создаваат романтична атмосфера, а истовремено прават просторот да зрачи со елеганција. Ве водиме во еден токму таков дом, со вкупна површина од 63 метри квадратни и стилски дизајн кој восхитува со добриот вкус и софистицираноста. Белата боја ја сочинува основата во ентериерот, но облагородена со декоративните финеси, како што се циглениот ѕид, романтичните украси и впечатливите акцентни детали. Со споменатата комбинација на бои, создаден е убав и елегантен амбиент кој е совршена инспирација за пролетно преуредување и на вашиот дом. Воздушесто и заводливо – прошетајте низ катчињата на овој прекрасен стан и пронајдете ја омилената идеја!