Со површина од 52 метри квадратни, како и внатрешен дизајн во чист и минималистички стил, овој прекрасен ентериер е пример за убаво искомбиниранирани нијанси. Белата како позадина, декоративните елементи во светло жолта и светло сива нијанса, како и мебелот од светло дрво во целост се надополнуваат и му даваат вистински скандинавски шарм на овој неодолив простор. Станува збор за двособен стан, поделен на две речиси идентични целини, каде комфорот, лежерноста и пријатната атмосфера се клучните карактеристики и белези на ентериерот. Направен е добар распоред и организација, а планот вклучува: ходник, кујна, трпезарија, дневна соба, спална соба и тераса. Убаво уреден и креативно организиран, во овој дом ќе пронајдете многу инспиративни предлози за стилизирање на животниот амбиент. Пронајдете ја омилената идеја!