Пролетта е идеално време за нова фризура, нов парфем, па зошто да не и нов кармин? За вас одбравме неколку нијанси кои ќе бидат во тренд оваа сезона и со кои ќе си ги разубавите деновите.
Беж нијанса
Нежните беж боја секогаш е хит! Одберете нијанса која не е пресветла, но и не содржи многу портокалова боја во неа за да го добиете најдобриот изглед.
Класична црвена мат нијанса
Пролетен тренд кој со години владее низ светот, а на жените им дава класична, префинета елеганција во изгледот. Полн погодок!
Свежи розеви нијанси
Оваа сезона посебно ќе се носат нијанси на малина. Одберете некоја од палетата на розови кармини за блескави и сочни усни.
Богати бронзени нијанси
Со првите сончеви зраци ни се враќаат и бронзените и кафеави тонови- богати и одважни нијанси со кои ќе блескате во сончевите денови.
Неутрални нијанси
Секогаш атрактивните неутрални (nude) нијанси за природен и свеж изглед кои никогаш не излегуваат од мода.