Чевли со плетени детали
Дека чевлите можат да бидат мали ремек дела, докажаа дизајнерите кои се одлучија да дизајнираат чевли, како најсовршените плетки од цврстите трски. Користејки силни бои, направија тие да изгледаат футуристички, модерно и да се носат. Во играта со трска, се представија со модели Alexander Wang и Michael Kors како и Altuzarra.
Мокните штикли
Моделот Стилето останува и оваа пролет, како и тој со исклучително тенка штикла, која има атрактивна текстура на калупот. Во фокусот се моќните, statement чевли кои можете да ги носите во боло која прилика.
Со ременчиња
Било да се само детаљ на петата, со ленти прекриени до колена, време е римјанките да добијат варијанти.
Каубојки
Wild, wild west ….ги инспирираше дизајнерите дека е време да ја рабудат каубојката во жената оваа пролет и лето и да се прошетате удобно и лесно со некој шешир и леснен фустан.
Рамни чевли
Колку повеќе накит тоа подобро!Јапанки,балетанки,папучи…..се што е на рамно можете да облечете само доколку на моделот доминираат некои поголеми украсни детаљи во вид на пердуви,бисери,нитни,реси и друго.Сем тоа ,ова се удобни чевли кои можете да ги носите преку цел ден,на кафе,на шопинг и во провод.
Во бои чевли
Два тона и тоа контрасни, доминираа за оваа пролет. И тоа воглавно на тренди, урбаните модели на сандали со тенка или четвртеста потпетица.
Рамна платформа
Седумдесетите овозможија враќање на овој модел. Ги носиме со ѕвонарки, тексас фустани во А форма и комбинезони.
Четвртеста потпетица
Заборавете на тенлите штикли. Нив носете ги само за свечени прилики, но и тогаш одберете ги постабилните. Со четвртестите топуци, бидете слободни и џускајте цела ноќ.