Во пролетниот каталог на линијата, од модната куќа понудија извонредни парчиња облека и аксесоари, наменети за мажи во вистинска смисла на зборот – со непогрешлив стил и истенчен вкус за гардероба.
Џентлменот облечен во Армани отсекогаш бил синоним за елеганција, мажественост, престиж и луксуз. Во пролетниот каталог на линијата Giorgio Armani, од модната куќа понудија извонредни парчиња облека и аксесоари наменети за мажи во вистинска смисла на зборот – со непогрешлив стил и истенчен вкус за гардероба. Новата колекција на познатиот италијански бренд нуди актуелни сезонски модели кои се со полежерни кроеви, а достапни се во моќни и смели бои, како што се: тегет, бела и кафена. Панталоните се со опуштени и ,,слим’’ кроеви, а одлично се вклопуваат со останатите парчиња од линијата, кои во себе содржат одредена доза на спортски дух. Најинтересен детал во каталогот се пролетните јакни и палта, изработени од префинети материјали и исклучително луксузни. Погледнете како изгледа модната визија за мажи на Армани во екот на кампањата пролет/лето ’15.