Иако е со скромна површина од само 35 метри квадратни, ентериерот на овој мини дом во Шведска е вистинска инспирација за внатрешно уредување. Конципиран е како двособен стан, со елегантен и стилски дизајн, како и низа паметни решенија за складирање и заштеда на простор, без да се загуби од функционалноста и добриот вкус во домот. Со одличен план и организација, станот располага со дневен престој, кујна, трпезарија, а во продолжение се сместени и засебна спална соба со бања. Креиран е отворен распоред во кој собите се поврзани и комуницираат меѓусебно, а со тоа е обезбеден и непречен проток на природната светлина. Наместо со класичен ѕид, бариера помеѓу дневната и спалната соба е стаклената преграда која суптилно ги издвојува просторот за социјализација и интимната зона во станот. Во целиот ентериер доминира лежерното чувство и смиреноста, со примена на светли и неутрални тонови, во комбинација со фини украси избрани со многу вкус. Погледнете ја галеријата во продолжение и одберете ја омилената идеја и за вашиот животен амбиент.