Скоро сите девојчиња како мали сме се идентификувале со некоја од принцезите од цртаните филмови на Дизни. Секоја од нив има одредени карактеристики според зодијакот. Пронајдете го вашиот знак и прочитајте која принцеза сте.
Овен- Јасмин
Овновите се секогаш пријателски настроени и цврсто стојат зад она во кое веруваат. Баш како Јасмин од „Аладин”. Како класичен Овен кој често се сомнева во другите, на Јасмин не ѝ требаше многу време за да сфати дека Аладин не е принц.
Бик- Пепелашка
Како вистински Бик, Пепелашка дисциплинирано ги прифаќа сите задачи и не се жали. Освен тоа, таа е сочувствителна и на неа можете секогаш да се потпрете.
Близнаци- Анастасија
Со оглед на тоа што Близнаците се многу неодлучни, и Анастасија од истоимениот цртан, не може да се одлучи дали сака да ја пронајде баба ѝ или не. Нејзината љубовна приказна со Димитриј е сè она што еден Близнак сака- опасна и полна со возбуди.
Рак- Тиана
Тиана е вистински Рак- тврдоглава, сконцентрирана на својата работа, но по природа нежна и чувствителна. Успешно се снаоѓа со секој проблем.
Лав- Мег
Лавот многу сака да доминира, па Мег нема проблем отворено да му каже на Херкулес како стојат работите. Таа него го сака со целото срце и искрено му се посветена, како и секој Лав.
Девица- Заспаната убавица
Вообичаено, Девиците се тивки и сакаат сè да биде на своето место, па убавата Аурора е типичен претставник на овој знак.
Вага- Златокоса
Вагите често имаат немирен дух и најсреќни се кога се опкружени со луѓе. Затоа не е ни чудо што Златокоса беше многу тажна додека седеше затворена во кулата.
Скорпија- Ариел
Скорпиите не поднесуваат ограничувања, а сè што Ариел сакаше е да не биде веќе сирена, туку да биде човек. За да го оствари тоа, не се плашеше ниту од морската вештерка Урсула.
Стрелец- Покахонтас
Стрелците се познати по својата љубов кон животните, па тоа ја прави Покахонтас вистински Стрелец. Освен тоа, тие одлично умеат да комуницираат со луѓето околу нив.
Јарец- Џејн
Јарците по природа се интелигентни, одлучни и амбициозни. Сите овие особини ја красат и Џејн од цртаниот „Тарзан”. Џејн не се плаши од непознатото, туку искрено го прифаќа новиот свет во кој се наоѓа.
Водолија- Снежана
Водолиите се големи хуманитарци и можат да се дружат со секаков тип на луѓе. Снежана оди во куќата на џуџињата и ја чисти, без да знае кој живее во неа. Џуџињата воопшто не ја исплашија, туку веднаш се спријатели со нив.
Риби- Бел
Бел, како вистинска Риба е креативна и интровертна. Не ја интересира богатство, туку храбро чекори по својот пат и никој не може да ја запре.